недела, 29 декември 2024

Хакерски напад и во Министерството за финансии

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на МКД.мк за тоа дали компјутерскиот систем во Министерството за финансии е хакиран, од таму ни одговорија дека такво нешто нема и дека сите функции редовно се извршуваат. Сепак, кога прашањето го испративме по и-мејл, по нашето телефонско јавување, ни беше речено да ги испратиме прашањата по вибер.

Според нашите информации, се работи за сличен хакерски напад (ransomware) како оној во февруари на системот на Фондот за здравство, по што хакерите обично бараат откуп во милионски суми за „ослободување“ на системот.

Во Министерството за финансии овие денови некои итни налози рачно се обработуваат и успеваат да се реализираат.

По сајбер нападот во Фондот за здравство премиерот Димитар Ковачевски изјави дека се работи за дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, а на вакви напади од Русија биле изложени голем број институции во голем број држави, особено членки на НАТО. 

Од Министерството за финансии засега се обидуваат да го кријат овој случај.

                                                                                                                                                                   А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ