„Човековите права се кислородот на човештвото. Но ги задушуваат“, рече Гутереш, наведувајќи ги „автократите и патријархатот“, како и „воените хушкачи и климатската криза“.
Во истиот говор тој изрази сериозна загриженост за порастот на насилството на Западниот Брег и повиците на анексија.
„Сериозно сум загрижен поради порастот на насилството и другите прекршувања извршени од израелските доселеници на окупираниот Западен Брег, како и повиците за анексија“, рече Гутереш.
Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк на истиот форум рече дека ерата на „диктаторите“ што извршиле страшни злосторства може да се повтори.
„Во претходните векови, неограничената употреба на сила од силните, неселективни напади врз цивилите, раселувањето на населението и детскиот труд беа секојдневие. Диктаторите можеа да наредат грозоморни злосторства што доведуваа до смрт на голем број луѓе. Бидете внимателни, тоа може да се повтори“, предупреди Тирк.