Тој рече дека е разочаран од упадот во М-НАВ и рече дека тоа било сосема непотребно и оти од ДУИ реагирале со соопштение во кое е нагласено дека никој не е над законот.
„Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите. Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна. Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУ“ рече Груби во интервју за телевизијата.
Според него, изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп не ја смета за шлаканица за ДУИ и вели од неговата партија не се вршел притисок врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
„Ние сме најголем подржувач за реформи за неселективна правда. Поднесовме закон за ветинг и бараме ветинг на политичарите, од Ахмети и сите од ДУИ, да се истражува секој член на ДУИ од 2002 до 2024 година. Единствена сме партија што поднесе такво барање до Јавното обвинителство. Со Беса Адеми се знаеме долго време и се имам сретнато многупати и пред да стане претседател и сме разговарале за сите прашања. ДУИ не прави притисок врз Беса Адеми“, рече Груби.