понеделник, 21 октомври 2024

Гроси: Светот не смее да си дозволи неуспех со Иран, како во случајот со Северна Кореја

Светот не смее да си дозволи неуспех со Иран, како што се случи во случајот со Северна Кореја, која ја протера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и разви нуклеарно оружје, изјави генералниот директор на Агенцијата Рафаел Гроси.

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата нема пристап до Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера нејзините инспектори во 2009 година и сега го следи нуклеарниот напредок од далеку преку сателитски снимки.

Агенцијата има редовен пристап до познатите ирански нуклеарни постројки. Но, бидејќи договорот од 2015 година меѓу Техеран и големите сили во последните пет години е нарушен, дополнителната опрема за мониторинг воведена според договорот е отстранета на барање на Иран и МААЕ повеќе не може да врши инспекции на непријавени локации.

„МААЕ значи очи и уши и присуство на меѓународната заедница во Иран“, рече Гроси во снимената порака емитувана на годишната конференција на Стејт департментот за контрола на оружјето, додавајќи дека е крајно загрижен за иранската нуклеарна програма.

Гроси истакна дека мора да се преземат сите напори за да се спречи евентуалниот неуспех на меѓународната заедница во спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје. „Видовме таков неуспех во Северна Кореја“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ