среда, 5 февруари 2025

Гренел: УСАИД непромислено трошела пари во Западен Балкан, за Македонија потрошиле 300 милиони долари

Милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации за спроведување на политиките во други земји, изјавил ичард Гренел, пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии.

Објавено на

часот

Сподели

Гренел на на мрежата Х ја пренесува објавата на локален медиуми за тоа колку пари наводно потрошила американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „непромислено трошење“.

„Вредните Американци плаќаат даноци – политичарите во Вашингтон непромислено ги трошат тие пари. Милијарди долари дадени на левичарски невладини организации за да водат радикални политики во други земји“, напиша Гренел.

Тој пренесува дека две милијарди долари биле дистрибуирани од УСАИД во земјите од Западен Балкан од 2020 до 2024 година, што се совпаѓа со поголемиот дел од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Наводно, во период од четири години, повеќе од 500 милиони долари биле дадени на Косово, околу 400 милиони на Босна и Херцеговина, речиси 300 милиони долари на Северна Македонија, повеќе од 200 милиони на Србија, повеќе од 180 милиони на Албанија и повеќе од 70 милиони за Црна Гора.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го спои УСАИД со Стејт департментот, со цел да ја намали администрацијата и да ги усогласи трошоците со приоритетите на Трамп.

И Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло, објави на X дека УСАИД вршеле злоупотреби во Македонија. Тој пишува дека „И Македонија била киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД“.

Крис Павловски е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube. Тој е голем поддржувач на претседателот Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за суспендирање на американската помош за развој во странство на 90 дена. Тој рече дека „никаква натамошна американска помош во странство нема да биде исплатена на начин што не е целосно во согласност со неговата надворешна политика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ