Околу 25.000 туристи, главно од Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави Гардијан.
Грција усвои нов закон за тоа, а министерот за туризам Мирон Флурис кажа дека Грција е првата земја во светот која одлучила на тој начин да им надомести на туристите.
Во рамки на таа програма луѓето евакуирани поради пожарот во јули ќе можат да искористат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделниот престој.
Иницијативата ќе се спроведува во две фази: од сега до 31 мај и од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти на Родос кажаа дека веќе се впишани над 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.