четврток, 13 февруари 2025

Грција доби нов претседател

Поранешниот претседател на грчкиот парламент и претседателски кандидат на партијата Нова демократија Константинос Тасулас е избран за претседател на Грција, со 160 гласови на пленарна седница на парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тасулас победи во четвртиот круг на гласањето, одржано по повод истекот на мандатот на досегашната претседателка Катерина Сакеларопулу, кој завршува на 13 март, пишува Катимерини.

Неговите противкандидати Тасос Јаницис, Лукас Кацелис и Константинос Кирјаку добија значително помал број гласови, додека 39 пратеници беа воздржани, а 24 пратеници не се изјаснија.

Положувањето заклетва на новиот претседател е закажано за 13 март, кој тој официјално ќе ја преземе должноста.

Новоизбраниот претседател на Грција Константинос Тасулас изјави дека функцијата „претставува највисока чест, но пред сè голема одговорност“ и повика на „заедничка работа и единство на општеството“.

Во своето прво обраќање Тасулас истакна дека претседателот на државата би требало да придонесе на „хармонично функционирање на институциите, зачувување на политичката стабилност и јакнење на националното единство“, пишува Катимерини.

Тој истакна и дека приоритети на неговиот мандат ќе бидат безбедноста, просперитетот и меѓународниот углед на Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ