„Студенти, обединети, ќе победиме“, извикуваа демонстрантите додека минуваа покрај главната зграда на Универзитетот во Атина и статуите на античките грчки филозофи Платон и Сократ во центарот на Атина, јавува АП, додавајќи дека полицијата била распоредена во околните улици.
Централно-десничарската влада на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од почетокот на оваа година се обидува да протурка неколку клучни закони, потпирајќи се на големата поддршка што ја доби на минатогодишните парламентарни избори во 2023 година.
Yet another week of student protests against government plans to introduce private universities in #Greece. pic.twitter.com/Yrl9MUE9wx
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) January 25, 2024
Новата мерка, вели владата, може да спречи илјадници Грци да студираат во странство секоја година и да помогне виталните вештини да се задржат во земјата.
Сепак, критичарите тврдат дека новите мерки би можеле да ги загрозат државните универзитети, кои веќе се соочуваат со тешкотии во финансирањето.
Students in Greece protest plans to introduce private universities https://t.co/ViiZxzSVdU pic.twitter.com/KUKrO2dVXj
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) January 25, 2024
Универзитетите во моментов се во сопственост на државата, а се финансираат од јавни средства. Има приватни факултети кои, сепак, немаат статус на универзитет и не се признати како високообразовни институции, велат од Катимерини.
Грчката влада се соочи со серија протести во последните недели предизвикани од законодавните реформи и кризата со животните трошоци.
Земјоделците во централна Грција денеска блокираа делови од автопат со трактори, барајќи дополнителна финансиска поддршка од владата за намалување на трошоците за производство.