сабота, 19 октомври 2024

Грчките плажи се затрупани со лежалки, граѓаните бараат слободни и бесплатни плажи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Иако и претходно кршењето на законот за слободен пристап до морето беше често, „ова лето проблемот се влоши и благодарение на движењето на граѓањи засилени се контролите“, кажа Маркос Ковајос.

На крајот на јули по социјалните мрежи беше споделувана фотографија од протест на стотина граѓани на плажа во Парос кои мавтаа со транспарент „Да ги вратиме плажите“.

Од тогаш на социјалните мрежи се објавени бројни фотографии и снимки на кои се гледаат плажи окупирани од лежалки, најчесто со високи цени.

Хаштагот „движење на пешкирите“ (#kinima_petsetas) стана еден од првите трендови на Твитер.

Повремени мобилизации има и на други туристички острови – Миконос, Наксос, Крит – но и во одморалишта на копното.

„Сакаме јавните простори, како тие покрај морето, да бидат слободни, достапни, бесплатни и чисти. Ништо помалку“, порачува колективот Активни граѓани.

Според грчкиот закон, компаниите или баровите на плажите во близина на брегот мора да остават слободен простор од најмалку 50 отсто од површината на плажата за да се обезбеди пристап до морето.

Во случај на кршење на законот градските власти мора да го пријават проблемот во министерството за финансии, телото надлежно за издавање одобренија за работење на плажите и за изрекување казни.

Унијата на градоначалници во Грција неодамна побара од владата сите овластувања за контрола на плажите да се пренесе на локалните власти за примената на законот да биде поефикасна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ