четврток, 13 февруари 2025

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната сопственост, да го регистрира името на македонскиот фудбалски клуб „Престон Македонија“ предизвика загриженост во грчката заедницата, пренесува Неос косомос.

Објавено на

часот

Сподели

Истакнатиот член на грчката заедница Сем Костулиас од ИП Австралија побара писмено објаснување. Тој нагласи дека според Договорот од Преспа не може да се регистрира трговското име „Macedonia“ или „Македонија“, a и сонцето од Вергина не може да се користи како амблем.

На неговото барање одговори Блејк Ноулс, директор за трговски марки, дизајн, квалитет…, кој вели дека Австралија го признава и спроведува Договорот од Преспа, но прашањето за регистрирање на името „Престон Македонија“ не спаѓа во одредбите на договорот.

„Употребата на терминот ‘Македонија’, во контекст на трговските марки, не изразува никаква  расна или културно навредлива или иредентистичка порака.

Употребата на тоа име е дел од самоидентификувањето и културното наследство поврзано со клубот. Нашето истражување покажува дека терминот ‘македонски’ се користи и од други организации кои ги претставуваат или им служат на Австралијците чие наследство е северномакедонско.

Иако признавам дека има некои во грчката австралиска заедница кои силно претпочитаат терминот „Маcedonia“ или „Македонија“ да се користи само од оние со наследство од грчкиот регион Македонија, или oд Грција, ова не е доволно за да се направи скандалозно користењето на трговските марки од клубот“, пишува во одговорност на Ноулс.

Костулиас не се согласи со ова и вели дека се надева дека грчката заедница (организации и поединци) ќе го поддржат. Тој писмото што го добил од австралиските власти го испратил и до грчките дипломатски власти, со надеж дека ќе преземат решителни чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ