среда, 26 февруари 2025

Грчката амбасада и ИЗИИС го отворија прашањето како да живееме со заканата од земјотреси, цунами и вулкани

Амбасадата на Грција во Скопје и Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (ИЗИИС) денеска организираа конференција насловена „Земјотреси, цунами и вулкани: Како да живееме со заканата“.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот го поздравиле директорот на ИЗИИС, проф. д-р Игор Ѓорѓиев, и амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду.

Професото Ѓорѓиев истакнал дека научната соработка помеѓу ИЗИИС и грчките универзитети и истражувачки центри се прошири во последната деценија, особено со Аристотел Универзитетот во Солун, Националната опсерваторија во Атина, Универзитетот Демокрит во Тракија и Универзитетот во Патра, значително зајакнувајќи се во последните години.

Проф. д-р Александра Богдановиќ, раководител на Одделот за динамички испитувања и информатика при ИЗИИС, ја презентираше целокупната дејност и мисијата на институтот.

После презентацијата, следувала проекција на документарниот филм насловен „Теории на катастрофи: Земјотреси, цунами и вулкани“.

Како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Грција, главниот говорник д-р Никос Теодулидис, сеизмолог и истражувачки директор н (Истражувачки и технички институт за инженерска сеизмологија и земјотресно инженерство во Солун, во своето обраќање насловено „Ублажување на сеизмичкиот ризик во балканскиот регион“, се фокусирал на концептот на соработка во ублажувањето на сеизмичкиот ризик.

Настанот бил проследен со организирана тура со водич и симулација на земјотрес во лабораторијата на ИЗИИС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ