среда, 23 октомври 2024

Гранд казино Адмирал во Лимак во Скопје

Светски познатиот бренд во индустријата игри на среќа, Адмирал, како дел од групацијата Новоматик која е лидер во индустријата за игри на среќа, го отвори најновото супер атрактивно казино во комплексот Дајмонд во центарот на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Гранд казино Адмирал е сместено во еден од хотелите од највисока класа во Македонија „Limak Skopje Luxury Hotel“ на површина од импресивни 1.568 м2, со 181 најсовремени слот машини, пет маси за aмерикански рулет во живо, три маси за блек џек во живо и две маси за Ultimate Texas Hold’em.

Станува збор за најсовремен архитектонски објект кој нуди широк спектар на игри во амбиент кој зрачи со елеганција за незаборавно играчко искуство.

Љубителите на живата игра ги пречекува високо обучен персонал посветен да ja направи секоја посета во „Grand Casino Admiral“ исклучителна. Согласно највисоките светски стандарди секој гостин добива персонализирано внимание кое обезбедува брза и ефикасна испорака на услугите.

„Grand Casino Admiral“ нуди ексклузивни ВИП привилегии преку посебните картички за лојалност „Blue“, „Star“, „Gold“ и „Diamond“ кои овозможуваат приспособени промоции, приватни настани и посебен третман што ценетите гости ги прави важен дел од семејството „Адмирал“.

Традиционалните љубители на живата игра сега имаат место каде ги очекува прекрасен амбиент и исклучителна понуда на апарати на игри на среќа.

Менаџментот на Grand Casino Admira најавува спектакуларна свеченост по повод отварањето на казиното.

 Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ