недела, 20 октомври 2024

Гранатиран граничниот премин меѓу Газа и Египет

Израел го гранатираше преминот Рафа, кој се граничи со јужниот дел на Газа и Египет, соопшти радио станица поврзана со Хамас, пренесува Скај њуз.

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници Палестинци се собраа на граничниот премин во последните денови, со надеж дека ќе им биде дозволено да го напуштат Појасот Газа.

Се очекуваше да се отвори во 9 часот за влез на хуманитарната помош во Газа и за заминување на некои странски државјани, меѓутоа Израел и Хамас рекоа дека нема примирје за да се олесни таквиот договор.

Претставниците на Белата куќа се надеваат дека граничниот премин Рафа со Египет денеска ќе биде отворен уште неколку часа.

Ова ќе им овозможи на луѓето да ја напуштат Газа пред очекуваната израелска копнена офанзива, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ