петок, 18 октомври 2024

Градоначалникот на Белград: Треба да го најдеме и обележиме гробот на четничкиот лидер Дража Михаиловиќ

Објавено на

часот

Сподели

Шапиќ е прославен поранешен ватерполист кој по завршувањето на спортската кариера влезе во политиката. Тој е член на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ.

„Уште во 2004 година е донесен закон за изедначување на Равногорското со Народноослободителното движење. Од тогаш поминаа 19 години. Време е конечно да се открие и обележи местото каде што почива генералот Драгољуб Дража Михаиловиќ. Тоа е долг кон нашите предци, а обврска кон идните генерации“, напиша Шапиќ.

По повод 77-годишнината од убиството на Михаиловиќ на Калемегдан беше одржана задушница организирана од Движењето за обнова на кралството Србија и внукот на четничкиот лидер Војислав Михаиловиќ.

Драгољуб Дража Михаиловиќ бил српски роалист кој во април 1941 ја организирал четничката формација која поголемиот дел од војната соработувала со фашистите.

Поради колаборацијата со фашистите, Михаиловиќ по Втората светска војна бил уапсен, и прогласен за виновен за велепредавство и воени злосторства, за што Југославија го осудила на смрт со стрелање. Убиен е во Белград во јули 1946, а не е познато каде е закопан.

Неговиот гроб останал тајна за симпатизерите на овој злосторник да не направат место на почитување. Во 2015 година со пресуда на Вишиот суд во Белград Михаиловиќ беше официјално рехабилитиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ