петок, 18 октомври 2024
Општина Кисела Вода го презеде управувањето

Градоначалникот Ѓорѓиевски ќе го враќа сјајот на салата Расадник и целосно ќе ја реконструира

Објавено на

часот

Сподели

„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник. Ја прездовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија.

СалаКиселаВода

Од денес вртиме нова страница во приказната за салата Расадник. Од денес испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Расадник

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ