понеделник, 21 октомври 2024

Градоначалник во САД се самоуби откако протекоа негови фотографии во женска облека

Градоначалникот на Смитс Стејшн, Алабама, почина откако наводно извршил самоубиство, само неколку дена откако десничарска веб-страница објави негови фотографии на кои е облечен во женска облека и е нашминкан.

Објавено на

часот

Сподели

Ф.Л. „Баба“ Коупленд, пастор и член на Републиканската партија, изврши самоубиство во петокот, пишува Ен-би-си њуз.

Коупленд побарал фотографиите да не се објавуваат, но веб-страницата го одбила неговото барање и продолжила со приказната два дена пред неговата смрт.

„Тоа што го правам во мојот приватен живот нема никаква врска со она што го работам во мојот свет живот. Дали тоа има какво било влијание на тоа што сум градоначалник, што понекогаш ќе облечам фустан или понекогаш ќе се шминкам? Има ли тоа каква било врска со тоа што сум градоначалник или свештеник?“ го цитираа.

Конзервативната публикација која стои зад приказната беше нападната од демократски сенатор, кој рече дека е „тажно и одвратно“ како се однесувале кон Коупленд.

„Живееме во злобен, огорчен свет каде што самобендисаните имаат тенденција да ги фрлаат најголемите камења“, додаде Даг Џонс во изјавата.

„Тој беше добар човек и одличен градоначалник кој го водеше малиот град Смитс Стејшн низ тешки времиња по разорното торнадо пред неколку години“, истакна тој.

Денеска треба да се изврши обдукција на телото на покојниот градоначалник, пренесува Скај њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ