сабота, 19 октомври 2024
Градоначалничката Арсовска контра Алијанса за Албанците

Град Скопје ќе покрене постапка за одговорност за незаконско поставување директори на училишта во Гостивар

Пред да се дрзнат со изнесување на лаги и манипулации насочени кон Град Скопје, апелираме Алијанса за Албанците (АА) прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи да преземат соодветни мерки за незаконското постапување на градоначалникот на општина Гостивар, а потоа да коментираат за други, пишува во реакцијата на Град Скопје откако денеска на прес конференција, АА ја обвини градоначалничката Данела Арсовска дека незаконски именувала директори на три среди училишта во Градот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Градот Скопје апелира до сите надлежни државни институции да направат ревизија на поставените раководни кадри во седум училишта во општина Гостивар, кои на целосно незаконски, нелегитимен и нетранспарентен начин без поседување уверение за директор се поставени и тоа во СОМУ Гостивар, ООМУ Енвер Стафаи, СЕОУ Гостивар, ОУ Гоце Делчев, ОУД Бранко Станоевиќ и ОУ Прпарими.

Жалиме што Алијанса за Албанците, на кои не им успеваат притисоците врз градската администрација да постават нивни кадри по партиски клуч, мора да посегне по вакви лаги и манипулации.

„Кадрите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се раководни лица во институцијата која ги контролира сите наводи, прави по нарачка селективни напади и политички се пресметува со неистомислениците и оние врз кои не може да влијае, а не помислуваат да покренат постапка за општината во која градоначалник е токму тој, за што ќе бидеме должни пред јавноста да ги изнесеме сите наводи и да побараме покренување на соодветна одговорност од институциите особено за противзаконското работење за горенаведените лица“, пишува во реакцијата на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ