петок, 18 октомври 2024

Град Скопје: Долгот што го направи Коце Трајановски уште не е исплатен, но сметката не е блокирана

Објавено на

часот

Сподели

„Сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата.

За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов. 

Ваквиот начин на работа на овие политичари, и нивните политички опции не само што го загрозува работењето на градот, како во случајов, туку 33 години ја става државата во должничко ропство. Повеќе од три децении граѓаните на Република Македонија отплаќаат долгови кои ги генерира секоја владејачка гарнитура, полнејќи ги сопствените приватни џебови со пари кој денес ги враќаат граѓаните. 

Градот Скопје во последната година дена успеа да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве 15 години, за што предуслов е токму намалувањето на акумулираните долгови, систематското материјално-финансиско работење и консолидацијата на финансиите. 

Сепак, ја разбираме потребата на поединци кои во недостиг на идеја со полуинформации да креираат сензационализам“, се вели во соопштението на Службата за односи со јавноста на Град Скопје. .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ