сабота, 30 ноември 2024

Град Скопје да каже зошто ги менува имињата на улиците со што се отежнува вадењето на лични документи, вели министерот Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Промената на улиците е направена од Градот Скопје и тоа не е првпат. Овде стана традиција во Скопје на секои 2-3 години да се менуваат улиците како ќе му текне на градоначалникот. Мислам дека ова прашање најдобро може да го одговорат токму градските власти, заради тоа што јас не гледам причина на секои две години да се менуваат улиците. И второ, постои систем – при промена на улиците, тие треба да се очитаат во Централниот регистар и да може да се користат во базата. Сѐ додека немаме ние потврда во базата, односно да се достават тие документи дека има промена на улиците таму каде што се појавуваат проблеми, ќе мораме да имаме доказ врз основа на којшто тоа го прави. Така што, еве и апел упатувам до другите институции коишто се надлежни во овој дел, да ги отстранат тие пречки за да можат граѓаните да имаат и побрза и поефикасна услуга“, одговори министерот.

Тој посочи дека треба таа информација да се побара од страна на Град Скопје,  да ги кажат причините, зошто ги направиле тие промени и зошто не ги завршиле сите потребни постапки, сѐ со цел граѓаните да имаат подобар пристап.  

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го промовираа е-државјанството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ