сабота, 23 ноември 2024

Гореа оџаци во Скопје, Тетово, Битола, Охрид…

Според извештаите во Центарот за управување со кризи, и покрај студените температури, пожари на отворено сè уште има, особено за време на викендите. Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово, во четири случаи и од Скопје, викендов имале такви интервенции. Пожарникарите интервенирале и на повеќе пожари во населените места заради запалени оџаци.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа грејна сезона, велат од ЦУК, ова е многу често и се потенцијална опасност за  опасни поголеми пожари. Запалени оџаци вчера се гаснеле во Тетово, Штип,  Охрид и Битола.

Викендов имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања – на Пониква, на Галичица и вчера кај Брана Водоча во Струмичко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ