Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.
Има луѓе на оваа политичка сцена кои ќе се паметат по безмилосните удари и самоповредувања од пајак возила, како и луѓе кои освен тоа што биле маши и папет кукли на вождот од Струмица се познати по запалени модуларни болници, во ист ден кога нивниот уличен пајташ Сокол се најде зад решетките од кои како директор заработувал пари…. но има и луѓе чии настапи ќе се паметат по глумење жртви, секогаш кога нема да можат да се носат со аргументите.
Ноторен факт е дека Петровска изгради кариера од глумење жртва. Редицата причини за сожалување е долга. Секој нејзин настап е запаметен по тоа што по секој дуел се претставуваше како жртва за нешто. Но од друга страна денешната изведба на преставата жртва беше од истата говорница од која безочно напаѓаше и говореше за таткото на еден министер колега, или пак за синот на премиерот, иако и двајцата не се поврзани во никаков политички контекст. Таа госпоѓа немаше ниту мака иронично да се однесува, навредува, дофрла од место, а во моментот кога ќе се одговори нешто, тогаш таа прераснува во жртва.
Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда.
Никогаш немав и ќе немам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, и жалам што дел од јавноста е манипулирана во тој контекст, и жалам што погрешно беа разбрани моите зборови.
Она што сакав да потенцирам беше дека почитта треба да се заслужи со дела и одговорност. Госпоѓата Петровска, освен што стана позната по низа политички гафови и неумесни постапки, беше и доследен поддржувач на политиките на СДСМ и ДУИ – политики кои ја доведоа државата до оваа состојба.
Да потсетам, во времето кога госпоѓата Петровска беше министер, инфлацијата растеше, а не видовме ниту еден конкретен предлог од нејзина страна за подобрување на економската ситуација. Тогаш, кога беше на функција, тоа не ѝ пречеше, но денес зборуваме за состојба што е директна последица на тие политики. Државата беше доведена до работ на банкрот, стотици илјади граѓани се иселија во потрага по подобар живот, а над 600 илјади луѓе живееја во сиромаштија.
Сето ова не сакаат да се слушне гласно, затоа Славјанка глуми жртва“, стои во фејсбук објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.
Јас добив навреда, но не ја примив навредата, одговори вечерва пратеничката Петровска. „Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку“, нагласи Петровска во интервјуто на ТВ 24.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровскана на нејзиното пратеничко прашање ѝ кажа дека таа нема право во прашањата да спомнува мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена и има два сина. Ова предизвика бројни реакции по социјалните мрежи и преку партиски соопштенија.
Политичката партија Левица со осуда на говорот на министерката за финансии. „Јас политички не се согласувам со пратеничката Славјанка Петровска, ама секаква лична дискредитација во обид да се избегне одговорност и тоа како е за осуда. За жал, министерката Кочоска (во една за неа препознатлива ароганција), денеска од собраниска говорница оценуваше кој смее, а кој не смее да говори за трошоци на семејството?! Според неа, тие што немале семејство, не смеат да говорат и да бараат одговори?!“, се вели во реакцијата на пратеничката Јована Мојсоска од Левица.
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ соопшти дека е „згрозена од некултурата, дрскоста, безобразието и малограѓанштината на таканаречената министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска.
Незапамтено во историјата на македонската политика, ‘ти немаш право да зборуваш за семејство зошто немаш деца’, квазиминистерката за финансии Гордана Кочоска Димитриевска без трунка срам на најодвратен начин од говорница во Собранието ова и го рече на пратеничката Славјанка Петровска“.
Одговори и ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност. Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Венко Филипче, Оливер Спасовски и Форумот на жени на СДСМ во врска со изјавата на министерката Димитриеска-Кочоска поврзана со пратеничкото прашање на Петровска.
„Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртвата, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.