вторник, 22 октомври 2024

Големи кинески компании го отстранија Израел од своите мапи (ФОТО)

Корисниците на интернет во Кина изразија збунетост бидејќи називот Израел повеќе не се појавува на водечките дигитални мапи на Баиду и Алибаба, дете големи мултинационални компании со седиште во Кина. Волстрит џурнал пишува дека ова е уште еден доказ за нејасната позиција на Пекинг во однос на конфликтот кој во моментов се одвива на Блискиот Исток.

Објавено на

часот

Сподели

Интернет мапите на Баиду на кинески јазик ги означуваат меѓународно признатите граници на Израел, како и на палестинските територии, како и клучните градови, но не го идентификуваат јасно името на земјата. Исто е и со онлајн мапите на Амап на Алибаба, каде дури и малите држави како Луксембург се јасно означени.

Ниту една компанија не одговорила на новинарските прашања за отстранувањето на името Израел. Не се знае точно кога се случило отстранувањето, но кинеските интернет корисници за тоа зборувале уште на почетокот на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ