сабота, 19 октомври 2024

Големата кашлица и натаму е присутна, засега епидемија е прогласена во Скопје и Куманово

Во Скопје и натаму е во сила епидемијата на голема кашлица, а од вчера е прогласена епидемија и во Куманово. Од Центарот за јавно здравје на Скопје информираат дека од почетокот на годинава во главниот град потврдени се 312 случаи на болеста пертусис. Во Куманово алармот беше кренат кога беше соопштено дека се потвртдени 23 случаи на голема кашлица.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ потврдува дека во Куманово е прогласена епидемија затоа што има зголемување на бројот случаи.

„Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба ќе бидат препорачани и дополнителни мерки“, вели Мехмедовиќ.

Во однос на грипот и сличните респираторни заболувања Мехмедовиќ вели дека бројот на заболени е во опаѓање и дека состојбите не се загрижувачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ