Прославата ќе биде исполнета со добра музика и забава за сите, а ќе настапат реномираните артисти Марија Шерифовиќ, ДНК и Тропико бенд, кои ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер. За уште поголемо уживање, за времетраењето на настанот, пијалоците на Прилепска пиварница на настанот и во угостителските објекти во Прилеп ќе се продаваат по промотивна цена.
Заради безбедна реализација на прославата на 100-годишнината, Прилепска пиварница известува дека во Прилеп ќе биде воведен времен режим на сообраќај со кој ќе биде затворен дел од булеварот „Гоце Делчев“, и тоа на потегот од крстосницата со улицата „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со улицата „Прилепски Бранители“ во периодот од 12 часот на 12 јули до 12 часот на 14 јули, а сообраќајот ќе се пренасочува кон околната улична мрежа. За максимално уживање на забавата, Прилепска пиварница праќа апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, а возилата да се паркираат на безбедни и означени места, следејќи ги упатствата на службите за паркирање и насоките на полициските службеници и редари.
Уживајте на прославата и консумирајте одговорно. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас.
Комерцијален текст