Елмас почна од клупата за резерви, во игра влезе во 63. минута и максимално ја искористи шансата која ја доби.
Македонскиот репрезентативец во 79. минута погоди по асистенција на Осимен, за 2-1 и победа на Наполи.
Претходно во финишот од првиот дел Кварацхелија даде гол за водство на Наполи од 1-0, а по осум минути игра во второто полувреме Лукман изедначи на 1-1.
GoaL! | Atalanta 1-2 Napoli | Eljif Elmas ?️ Victor Osimhen pic.twitter.com/MDe3xafIbl
— Larex sports (@npaakmph) November 25, 2023