Србија со 2-0 ја совлада Велика Британија и го продолжи патот до трофејот во Дејвис Купот.
Последен меч вчера беше дуелот на Ѓоковиќ и Нори кој српскиот тениски ас го доби со 6-4 и 6-4.
Првата победа за Србија против Велика Британија ја обезбеди Кецмановиќ кој со 7-6 и 7-6 беше подобар од Дрејпер.
Србија за место во финалето ќе се бори против Италија која ја помина Холандија.