недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ цели на Голден слем идната година

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ наредната година во мај ќе наполни 37 години, но тоа не му пречи да има највисоки амбиции.

„А дали беше реално да се мисли дека оваа година ќе освојам три од четири Грен слем турнири? Пред пет години или дури и порано, мислам дека луѓето не мислеа дека тоа е возможно. Се познавам себе си и знам дека сум способен да го направам тоа доколку се чувствувам добро физички и психички. Не сакам да звучам како да немам почитување кон другите. Знам дека има илијадници играчи кои се борат за истото, но знам кој сум и верувам во себе“, вели Ѓоковиќ на прашањето дали може да освои Голден слем.

Трофеј кој фали во витрината на српскиот тенисер е Олимписко злато. Ако триумфира во Париз, тоа ќе биде негово прво.

„Ќе ми биде чудно чувството да ги играм Олимписките игри на Ролан Гарос. Ќе биде слично како во 2012 година на Вимблдон. Мислам дека тоа беше прв и последен пат таму да играме во обоени дресови, а не во бели. Олимписките игри се посебно натпреварување. Го сакам Олимпиското село, ми се допаѓа церемонијата на отворање, чувството да ја претставувам својата земја на најважното случување во светот на спортот“.

„Тоа не е лесен турнир за тенисерите бидејќи имаме густ распоред. Од Ролан Гарос треба да преминеме на трева, а потоа за Олимпијадата да се вратиме повторно на земјена подлога. Па доаѓа тврда подлога за краток временски период, но подготвен сум за предизвикот. Се надевам дека ќе бидам здрав за Олимпијадата и на највиско ниво. Сакам да освојам олимписко злато“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ