четврток, 7 ноември 2024

Годинава на годишнината од смртта на Мара Бунева се собраа само десетина Бугари

Само десетина претставници на бугарската заедница во Македонија годинава се собраа на кејот на Вардар во Скопје за да ја одбележат годишнината од смртта на Мара Бунева, која за Бугарија е Бугарка, а не македонска револуционерка. Бугарската фондација Македонија наjпрво на својот фејбук профил ги повика Бугарите од Македонија, а потоа објави дека „се горди на 40-тината Бугари што дошле во чест на Мара Бунева за време на антибугарскиот режим во Скопје“.

Објавено на

часот

Сподели

„Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете“, напиша Виктор Стојанов, претседателот на фондацијата, на социјалните мрежи.

Десетината присутни носеа транспарент „Македонија на Македонците“, испишан на бугарски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ