вторник, 22 октомври 2024
Во понеделник и вторник во Атина

Го почнуваме патувањето, вели Ципрас најавувајќи ја конференцијата во организација со Заев

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас утрово, преку Фејсбук и официјално го промовираше новиот Институтот што го носи неговото име, а првиот јавен настан ќе биде в понеделник и вторник, односно Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што ја организира заедно со „Фондацијата Заев“.

Објавено на

часот

Сподели

„Институтот што моите соработници и јас го подготвуваме долго време, дојде време да го започне своето патување“, напиша Ципрас на Фејсбук и официјално најавувајќи ја конференцијата на 17 и 18 јуни, односно како што напиша, точно шест години по потпишувањето на Договорот од Преспа.

„Имаме амбиција Меѓународната конференција да ја организираме секој јуни заедно со ‘Фондацијата Заев’, со цел да ја промовираме пораката за мир и соработката на народите, да го продлабочуваме дијалогот, но и да ги потенцираме прогресивните идеи, решенија и конвергенции за големите предизвици од нашето време“, напиша Ципрас, пренесува МИА.

Тој вели дека за првата конференција поканата за учество ја прифатиле истакнати гости, врвни политичари и државни фактори, сегашни и поранешни високи функционери, експерти, новинари и аналитичари од водечки тинк тенкови од Грција, Балканот, Европа и Америка.

На крајот од објавата, Ципрас посочи дека конференцијата е отворена за следење за сите граѓани или со физичко присуство или во живо преку интернет.

Паралелно, ја објави и официјалната програма на конференцијата, како и официјалниот постер што е дело на грчкиот и меѓународно признат уметник Јанис Психопедис.

Како што веќе објавивме минатата седмица, иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој.

Планирано е учество на шефови на меѓународни организации, премиери, еврокомесари, водечки владини претставници, поранешни претседатели, премиери и министри за надворешни работи, како и претставници на партии од целиот демократски спектар со акцентот на централно левичарски, левичарски и прогресивни сили.

Од нашата земја, ќе учествуваат поранешните премиери Зоран Заев и Владо Бучковски и поранешниот министер за надворешни работи поранешен и поранешен вицепремиер Никола Димитров.

Паралелно, Ципрас и Заев ќе говорат за Договорот од Преспа, а на специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц, ќе му ја доделат „Наградата од Преспа“.

Заев и Ципрас објавија и заедничка статија во грчки медиум со пораката „Новото раководство во Северна Македонија го крши Преспанскиот догоор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ