четврток, 28 ноември 2024
Владата и ЕУ го разгледаа напредокот во борба против корупцијата

Гир: Судството има клучна улога во борбата против корупцијата

Објавено на

часот

Сподели

Гир нагласи дека Извештајот за земјава од минатиот октомври обезбедува јасни насоки што треба да се направи и кои се приоритетите, но досега, поред него, малку е постигнато на тој план. 

„ДКСК и Државниот завод за ревизија вршат важна работа, но на препораките од овие тела во конкретни случаи често не се постапува. Исто така, и нивото на имплементација на Националната стратегија за борба против корупција останува незадоволителна и претставува само 10 проценти според минатогодишниот извештај на ДКСК. Во оваа Стратегија има јасни и прецизни задачи за секоја институција присутна на состанокот. Трансформирањето на добрите намери во дела бара напорна и заедничка работа и соработка. Можете да сметате на нашата поддршка. Заедно со силната политичка посветеност почнувајќи од највисокото ниво преку институциите, потребни се засилени напори на Владата, на министерствата, на општините и државните институции за постапување согласно тие препораки. Но, Парламентот исто така има своја улога. Фактот дека се уште не е разгледан Извештајот за имплементација на Националната стратегија за борба против корупција на ДКСК за 2021 година е обесхрабрувачки“, рече Гир.

Според него, потребен е напредок во јакнење на антикорупциската законска рамка и пред се во нејзината имплементација. Во таа насока Владата, опозицијата и Парламентот, мора да работат заедно.  

„Темелно спроведување на антикорупциската рамка е исто така важна. Консолидацијата на досието за проактивно истражување, гонење и конечни пресуди во борбата против корупцијата на сите нивоа и против сериозниот и организиран криминал мора да биде клучна цел на земјата на нејзиниот европски пат, особено сега кога некои важни судски предмети се соочуваат со застарување“, рече евроамбасадорот Гир.

Тој нагласи дека судството има клучна улога во борбата против корупцијата и затоа треба да биде независно и професионално, а судиите и обвинителите да делуваат со интегритет ослободени од политички влијанија или финансиски стимулации.

„Тоа е судство што ќе ја поврати довербата на јавноста“, порача шефот на Делегацијата на ЕУ.

Во Извештајот одреден напредок е нотиран и во однос на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со јакнување на неговите ресурси и ангажирање финансиски експерти, што, според Гир, е нужно за да се зголеми бројот на конечни пресуди во случаите на висока корупција и заплена на незаконски стекнат имот.

Евроамбасадорот ја потенцира и клучната улога на граѓанското општество, невладините организации и медиумите во напорите да се повикуваат на одговорност јавните институции и функционери.

„ЕУ и нејзините земји членки инвестираа многу за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата во земјава. Навистина, сега е време Северна Македонија и нејзините институции да испорачаат понатамошни конкретни опипливи резултати, пред се заради граѓаните, но и заради напредок на патот кон ЕУ“, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ