„Во ЕУ имаме 24 јазици што се во официјална употреба. Има и други јазици коишто ние во рамки на Европската Унија ги негуваме и всушност сите овие јазици се дел од нашиот колективен идентитет на ЕУ. Јас сум повеќе од сигурен дека на денот кога Северна Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ исто така и македонскиот јазик ќе стане дел од семејството јазици на ЕУ и ќе стане официјален јазик во рамки на ЕУ“, нагласи Гир.
Со сето тоа, додаде евроамбасадорот, македонскиот јазик уше повеќе ќе се зајакнува што значи дека ќе имате една целосна армија на преведувачи и толкувачи кои ќе работат на превод на acqui-то или на превод на македонското законодавство т.е. на европските стандарди и практики.
„Сите тие ќе бидат преведени на македонски јазик така што со самото членство на Северна Македонија во ЕУ и вашиот јазик ќе стане наш јазик, дел од колективното семејство на јазици на Европската Унија и уште повеќе ќе се зајакнува. Токму поради таа причина ние во ЕУ даваме огромна поддршка на промоција на македонскиот јазик. ЕУ досега има финансирано превод на 400 книжевни дела, т.е. на романи пишувани од европски автори кои се преведуваат на македонски јазик. Унијата дава финансиска поддршка на годишната награда за превод во Северна Македонија наречена „Вавилон“ што се дава на млади преведувачи“, рече Гир.
Тој потсети дека ЕУ финансира и бројни кампањи за промоција на македонскиот јазик, при што, како што рече, неодмна ја почнале и кампањата токму за промоција на македонскиот јазик со делото „Раѓањето на зборот“ од познатиот македонски автор Ацо Шопов и во тој контекст се отвори и изложба којашто привлече голем интерес од страна на младите во Северна Македонија кои се иднината на оваа земја.
„Кога зборуваме за самиот јазик, јазикот претставува нешто интимно и лично за секој народ и тоа се поврзува директно со самата историја. Тоа е еден резервоар, како едно богатство кое собира се во себе, почнувајќи од тоа кои сме ние во врска со нашето знаење и нашата свест и во со нашата историја. И тоа е она што јазиците го имаат во себе, нашето искуство. Ако ако се навратиме на мојот мајчин јазик, а тоа е англсикиот јазик, тој има многу бранови на самата историја, пример во самиот англиски јазик има многу рефлексии од англосаксонскиот, галскиот и францускиот што се изразуваат во англискиот јазик. Кога зборуваме за нашата историја како дел од нашето минато за тоа кои сме и од каде доаѓаме, не е за изненадување дека дури и од самите полетоци кога постои правниот свет или правната професија, сите случаи кои биле покренати биле поврзани со човековите права и прашања поврзани со јазикот и образованието, што се директно поврзани со нашиот идентитет“, кажа Гир.
На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, учествуваа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.
На панел-дискусијата, се разговараше на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго.