сабота, 19 октомври 2024

Германското МВР предлага депортација и на неосудувани членови на криминални групи

Објавено на

часот

Сподели

Според нацртот предвиден за расправа, „членовите на заедниците на организираниот криминал“ треба да го изгубат правото на престој „без оглед на кривичната пресуда“, објави во неделата Зидојче цајтунг.

Целта на предложената промена е во иднина „полесно да се депортираат членовите на таканаречените клански структури“, изјави портпаролката на министерството, според весникот.

Досега, според извештајот, постоела само слична општа регулатива во законот за имиграција за областа на борбата против тероризмот.

Според нацрт-амандманите, доколку странците припаѓаат на здружение регистрирано при некоја џамија, а кое дало донација на терористичка група, тие ќе бидат протерани од Германија дури и ако самите не прекршиле ниеден закон.

Се вели дека нацртот за расправата произлегол од состанокот на федерално ниво во мај, каде што биле договорени различни промени во законите за азил и за странци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ