петок, 21 февруари 2025

Германски Билд: Италија се подготвува за можно повлекување на американските трупи од Косово

Германски Билд пишува дека во многу делови на Европа постои голема загриженост поради преговорите на Соединетите Американски Држави и Русија и за можноста за повлекување на американските трупи од некои делови на Европа, вклучувајќи го Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Италија се подготвува за можно повлекување на американските трупи од Косово. Тогаш европските сојузници би останале сами на Балканот против пријателот на (рускиот претседател Владимир) Путин Александар Вучиќ и неговата моќна српска војска“, се наведува во денешниот напис на Билд.

Како што пренесуваат германските медиуми, западните безбедносни служби и политичарите стравуваат дека преговорите кои почнаа во вторникот во Ријад би можеле да доведат до прекинување на присуството на американските трупи во големи делови од Европа.

„Според нашите информации, станува збор за барањата на Путин од 2021 година, односно за повлекување на американските трупи од сите земји на НАТО кои пристапиле во алијансата по 1990 година“, изјавил за герман ските медиуми источноевропски безбедносен функционер.

Најлошото сценарио е она во кое многу експерти се плашат од непосредна инвазија на руската војска на поранешните советски републики Естонија, Литванија и Летонија, како и војна во полн размер со Полска.

Присуството на американските трупи во областите околу Русија, според консензусот на соседите на Русија, е најголемата гаранција на независноста на тие земји, се додава во извештајот.

Се наведува и напис на Фајненшал тајмс во кој пишува дека „Путин сака трупите на НАТО да се повлечат од целото поранешно советско царство“.

Европските функционери веруваат дека е веројатно дека Трамп ќе се согласи да ги повлече американските трупи од Балтикот, а можеби и понатаму на запад. Ова би ја оставило ЕУ без реална одбрана од руската армија.

Според Билд, единствени за кои во моментов не се расправа се американската база Рамштајн во Германија и воздухопловната база во Британија. Остатокот од Европа треба да се подготви за длабоки промени ако Трамп и Путин постигнат договор, се заклучува во написот.

Според информациите на официјалниот сајт на НАТО, Италија има најмногу војници во составот на Кфор, вкупно 1.258. следат САД со 602.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ