Станува збор за девојчиња на 15 и 16 години и за едно 15-годишно момче, уапсени во разни делови на областа Рајна-Вестфалија.
Тие се осомничени дека изразиле спремност да извршат „исламистички мотивирани терористички напади“ и нивно планирање, пренесува АП.
Германските медиуми тврдат дека уапсените тинејџери создале интернет-група за разговор и дека не прецизирале конкретни планови за местото или времето на нападот.