Сепак, парите нема да бидат директно испратени до сириските власти, јавува ДВ повикувајќи се на министерката за економска соработка и развој на Германија, Свења Шулце.
Според Шулце, хуманитарната ситуација во Сирија по падот на режимот на Башар ал Асад е катастрофална – 90% од населението живее во сиромаштија и зависи од хуманитарната помош. Голем дел од локалната инфраструктура е уништена за време на граѓанската војна, која трае од 2011 година.
Проектите за реконструкција во Сирија, во кои ќе учествува и Германија, ќе се реализираат преку невладини и меѓународни организации. Конкретно, 25 милиони евра ќе бидат доделени на УНИЦЕФ, Детскиот фонд на Обединетите нации. Дополнително, средствата ќе бидат наменети за помош на децата трауматизирани од војната, а 6 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на организацијата на локалните училишта.
Дополнителни 19 милиони евра ќе бидат доделени на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која, меѓу другото, организира работа за внатрешно раселените лица. Фондацијата на ОН, која ги поддржува организациите за правата на сириските жени, ќе добие 3 милиони евра, додека останатите 7 милиони ќе бидат доделени на локални невладини организации кои се занимаваат со „помирување на различни групи на население“, се вели во соопштението.
Шулце нагласи дека Германија јасно ги изразила своите очекувања за промени во Сирија: образовен систем без идеологија, дискриминација и исклучување. „Ако развојот се движи во вистинската насока, ние сме подготвени да направиме повеќе и во други области“, додаде таа.