„Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку „Безбеден град“, покрај поставување камери на булеварите, да се постават камери на детски и спортски игралишта. За ова, дополнително ќе се разговара да се види дали има можност тоа да го преземе министерството или ние да си преземеме одредени финансиски трошоци како општини и самоиницијативно да ги поставиме тие камери на одредени локации“, рече Герасимовски.
Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена од ЗЕЛС, со цел подигнување на свеста кај младите за чување на јавното добро.