петок, 18 октомври 2024
Градоначалникот на Центар информира

Герасимовски: Се организиравме и чистиме без прекин, на Комуналец да му се одземат интеренциите (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Во акцијата на чистење на сметот се вклучија речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП ПОЦ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери, вели градоначалникот и додава дека тој лично од старт ја води акцијата.

ј

„Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и цистерната која ги миеше контејнерите и просторот околу нив каде имаше натрупано вреќи со отпад кои предизвикуваат непријатна миризба. Во сите населби има преполни контејнери и пријави од граѓани стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме сите општини не смее да се повтори затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП Комунална хигиена. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината“, изјави Герасимовски.

д

Градоналчалникот вели дека уште вчера најавил чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикнал другите градоначалници да го направат истото.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ