понеделник, 21 октомври 2024

Генералното собрание на ОН го осуди американското ембарго против Куба

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство го осуди американското економско ембарго против Куба.

Објавено на

часот

Сподели

Ембаргото го осудија 187 членки на ОН, додека против беа само САД и Израел, пренесува Асошиејтед прес.

Украина беше воздржана, додека Сомалија, Венецуела и Молдавија не гласаа.

Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез пред гласањето повика на пружање поддршка  на разумот, правдата, Повелбата на ОН и меѓународното право.

Родригез оцени дека целта на Вашингтон е да ја ослаби кубанската економија, да го изгладни народот и да ја урне владата во Хавана.

Ембаргото е воведено уште во 190 година, по кубанската револуција на чело со Фидел Кастро и национализацијата на имотот на американските компании, главно големите корпорации и мафијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ