среда, 12 февруари 2025

Генералниот секретар на Арапската лига: Раселувањето на Палестинците од нивната територија е неприфатливо за арапскиот свет

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, денеска изјави дека раселувањето на Палестинците од нивната територија е „неприфатливо за арапскиот свет“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние Арапите сто години се боревме против оваа идеја и не сме спремни сега да капитулираме“, рече Абул Гејт на светскиот самит на влади во Дубаи, одговарајќи на прашање за инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп Палестинците да го напуштат Појасот Газа.

„Денес фокусот е на Појасот Газа, а утре ќе биде на Западниот Брег со цел да се испразни историската Палестина од нејзините првобитни жители“, рече Абул Гејт.

„Ова е неприфатливо за арапскиот свет“, додаде тој.

Тој потврди дека на 27 февруари во Египет ќе се одржи самит за палестинското прашање, додавајќи дека арапските земји имаат рок од две недели да постигнат заеднички став за оваа тема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ