четврток, 23 јануари 2025

Галеника ја купува српско-словенечката компанија Лајфмедик

Фармацевтската компанија Галеника ја презеде српско-словенечката компанија Лајфмедик (Lifemedic d.o.o.) од Белград со што стана и дистрибутер на производите на реномираната италијанска фармацевтска компанија Pharmalife Research, за пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

Трансакцијата ќе биде завршена откако антимонополските комисии на пазарите во Србија, Македонија и Црна Гора ќе го спроведат процесот на одобрување, што се очекува на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, по што ќе почне процесот на интеграција.

„Откако стана дел од бразилската NC групација, Галеника постигна значителен деловен раст и меѓународна експанзија. Купувањето на компанијата Lifemedic и почетокот на соработката со италијанскиот производител Pharmalife Research претставува уште еден чекор во интернационализацијата на бизнисот на Галеника и ја потврдува нашата целосна посветеност на инвестиции и иновации во согласност со современите потреби на потрошувачите. Pharmalife Research има над 400 производи во своето портфолио и извезува во 60 земји низ светот. Среќни сме што најдовме глобален партнер кој ги споделува нашите вредности и посветеност на квалитетот на производите и здравјето“, рече Рикардо Вијан Маркес, генерален директор на Галеника.

Lifemedic е српско-словенечка компанија со долгогодишно искуство во дистрибуција на додатоци во исхраната и козметички производи произведени од реномирана биофармацевтска компанија – Pharmalife Research од Италија, а воедно Lifemedic е и ексклузивен увозник и дистрибутер за пазарите во регионот. Компанијата има стабилен двоцифрен раст и партнерства со над 5.000 аптеки и малопродажни синџири низ целиот регион. Pharmalife Research е сигурен фармацевтски партнер во областа на педијатријата, додатоци во исхраната, дермокозметиката и фитотерапијата, како во Италија, така и на меѓународните пазари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ