петок, 18 октомври 2024

ГАК: Родилката која се обиде да се самоубие беше лесно вознемирена и е постапувано според протоколите

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од ГАК се вели:

Пациентката која се породи на ден 28 јуни на ЈЗУ У ГАК-Скопје, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш е видена од стручно лице за ментално здравје – психолог магистер по клиничка и советодавна психологија, кое е стручно лице вработено на ЈЗУ У ГАК-Скопје за проценка на вакви состојби.

По извршениот разговор со стручното лице не е нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.

Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден е креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред испис.

Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар.

Со оглед на тоа што ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, минатата година Клиниката за гинекологија и акушерство во соработка со Клиниката за психијатрија иницираше изработка на Студија за проценка на перинаталното ментално здравје. Од студијата се заклучува дека ваква симптоматологија пројавуваат дури 72% од испитаничките во перинаталниот период, а истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар.

Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојува на ЈЗУ У ГАК-Скопје (на 1 и 2 јули) не е рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба.

Пациентката на ден 1 јули направила и соодветен контакт со бебето, што е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид.

На ден 2.јули поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати е посетена и е извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно е креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што беше планирано да се случи на ден 3 јули.

                                                                                                           Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ