недела, 20 октомври 2024

Франција не го признава протерувањето на својот амбасадор од Нигер

Објавено на

часот

Сподели

„Франција го прими на знаење барањето на пучистите“, соопшти министерството за надворешни работи во Париз за агенцијата Франс прес, и додаде дека „пучистите немаат овластување да поднесат вакво барање, а агреманот на амбасадорот потекнува од легитимно избраните власти на Нигер“.

Воениот режим, кој со државен удар ја презема власта во Ниамеј на 26 јули, му даде вчера на францускиот амбасадор Солвен Ите рок од 48 часа да ја напушти територијата на Нигер.

Објаснувањето за таквото барање е тоа што Ите наводно одбил „да одговори на повикот“ да отиде во министерството за надворешни работи на Нигер.

Новите власти на Нигер како причина за протерувањето наведоа и „други акции на француската влада кои се спротивни на интересите на Нигер“.

Франција смета дека единствениот легитимен авторитет во Нигер останува демократски избраниот претседател Мохамед Базум, кој беше урнат во пучот.

Базум во моментов е во домашен притвор во претседателската палата.

Париз на почетокот на август го отфрли откажувањето на воените договори со Франција од страна на воениот режим.

Франција во Нигер има 1.500 војници кои требало да им помагаат на властите во борбата против џихадистичките групи.

Тие групи, ограноци на Ал каеда и Исламска држава, со години пролеваат крв во таа земја и во голем дел од субсахарската област Сахел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ