недела, 6 октомври 2024

Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан

Франција ќе биде домаќин на меѓународна конференција во октомври, чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во следните неколку недели ќе одржиме конференција со цел да овозможиме хуманитарна помош, поддршка за меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за таму да се зајакне безбедноста, особено во јужен Либан“, рече Макрон по состанокот на претставниците на земјите на француското говорно подрачје во Париз.

Израел започна интензивна кампања на бомбардирање во Либан во последниве недели и испрати војници преку границата, по речиси една година конфликт со милитантната група Хезболах поддржана од Иран.

Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната војна на Израел во Газа против палестинската група Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ