недела, 23 февруари 2025

Фон дер Лаен: Секое решение мора да го вклучува територијалниот интегритет на Украина

Секое решение за конфликтот во Украина мора да ги почитува нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, со силни безбедносни гаранции, му порача претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лаен на специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир, претседателката повтори дека секое решение мора да ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, со силни безбедносни гаранции“, се вели во резимето на разговорот меѓу Фон дер Лаен и Келог, објавено од Комисијата.

Таа додаде дека Европската унија е подготвена да соработува со Соединетите Држави за да го запре крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир. Фон дер Лаен рече дека ЕУ планира да ги зголеми трошоците за одбрана и индустриското производство во одбранбениот сектор, со цел да ги зајакне сопствените и воените капацитети на Украина.

Таа нагласи дека ЕУ обезбедила воена помош од 52 милијарди долари за Украина, што одговара на придонесот на Соединетите Држави, и дека издвоила повеќе од кој било друг сојузник, 135 милијарди евра, за финансиската стабилност и одбрана на Украина.

Со Келог разговараше и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста. Истовремено, високи делегации од САД и Русија се состанаа во Саудиска Арабија за да разговараат за завршување на војната во Украина, без присуство на украински и европски претставници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ