сабота, 19 октомври 2024

Фон дер Лаен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Таа отворено го осуди нападот и истакна дека Европа ќе ѝ пружи помош на Украина.

„Уништување на брана, нечуен напад на цивилна инфраструктура, доведува во опасност илјадници луѓе во областа Херсон. Европа ја мобилизира поддршката преку механизмот за цивилна заштита. Се координираме со државите членки за побрзо да испорачаме пумпи, пожарникарски црева, филтри за вода. Стоиме со Украина колку и да е потребно“, порача Фон дер Лаен на Твитер.

Претходно претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го осуди нападот, напоменувајќи дека украински деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.

„Ова е злосторство против човештвото. Воено злосторство кое не можеме да го оставиме без одговор. Денес, повеќе од кога било, на Украина ѝ е потребна нашата помош“, напиша таа на Твитер.

Ројтерс пренесува дека руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за нападот на хидроцентралата, кој доведе до излевање на големо количество вода во воената зона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ