понеделник, 21 октомври 2024

Фон дер Лаен пристигна во ненадејна посета на Киев

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска пристигна во Киев во својата шеста посета на Украина од почетокот на војната, во време кога вниманието на светската јавност се повеќе е свртено кон Блискиот Исток. „Доаѓам со цврста верба дека носам охрабрување и да потврдам дека цврсто стоиме на украинската страна“, рече фон дер Лаен на пат за Киев.

Објавено на

часот

Сподели

За време на престојот во Киев, Фон дер Лаен ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Денис Шмихал и ќе се обрати пред пратениците во украинскиот парламент.

Претседателката на Европската комисија рече дека ќе разговараат за прашањата за проширувањето на ЕУ, финансиската и воената помош за Украина, како и подготовките за 12-тиот пакет санкции против Русија. Нејзината посета доаѓа неколку дена пред објавувањето на извештајот за напредокот на земјите-кандидати за членство во Европската унија, што Комисијата ќе го објави в среда.

Комисијата се очекува да им препорача на шефовите на државите или владите на ЕУ отворање на пристапни преговори со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ