Фон дер Лаен најави дека Европската комисија ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ да ги започне преговорите со Босна и Херцеговина, која како што рече, откако го доби кандидатскиот статус, постигнала импресивни чекори постигнувајќи поголем напредок за нешто над една година, отколку за повеќе од една деценија.
Според неа, БиХ целосно се усогласила со надворешна и безбедносната политика на ЕУ, усвоила неколку клучни закони, го подобрила управувањето со миграциските текови, се согласила во домашната кривична евиденција да ги вклучи пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и профункционирал новиот Управен комитет за градење мир.
„Пораката што доаѓа од Босна и Херцеговина е јасна. Но, и нашата порака мора да биде јасна. Иднината на Босна и Херцеговина е во нашата Унија, истакна Фон дер Лаен.
Во своето обраќање таа главно говореше за светските теми, војната на Блискиот Исток, импликациите од Иран и поврзаноста со Хутите во Јемен, како и за политиката на Русија.