„За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави фон дер Лаен за новинарите пред почетокот на самитот.
Таа посочи дека главна тема на самитот ќе биде економијата, „која може да биде подобра на Западен Балкан“.
„Претставив план за раст кој вклучува пристап на земјите од Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, но за такво нешто потребни се реформи, а оние кои се подготвени да ги спроведат ќе добијат и пристап до Инвестицискиот фонд на ЕУ“, рече Фон дер Лаен.
Таа истакна дека фактот што Берлинскиот процес се одржува за прв пат во земја од Западен Балкан испраќа „моќна порака“ за тоа колку ЕУ е посветена на проширувањето.