Центарот во Хефеи ќе ѝ помогне на компанијата за 30 отсто побрзо да пласира технологии на кинескиот пазар и да произведува повеќе електрични возила, изјави членот на управниот одбор на Фолксваген груп Кина, Ралф Брандштатер.
Фолксваген се подготвува во Кина да произведе два модели на марката, кои ги развива во соработка со кинескиот партнер ХПЕНГ, објавија вчера, додавајќи дека производството треба да почне во 2026 година.
На крајот на 2022 година Фолксваген ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која беше узурпирана од домашниот производител на електрични возила БИД. Германската компанија најави серија нови модели во електрификацијата на кинеското портфолио за да го врати загубениот удел на најголемиот светски автомобилски пазар.