Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер почна на 1. декември, но беше прекинат во 17. минута кога Едоардо Бове доби срцев удар и веднаш беше пренесен во болница.
Тогаш судијата реши дека поради шокот кој го доживеаа сите фудбалери натпреварот нема услови да биде продолжен и го прекина мечот.
Денеска тој се доигра почнувајќи од 17. минута и резултат 0-0 каков што беше тогаш во тој период.
Мрежите и денес мируваа до крај на првото полувреме, но во вториот дел Фиорентина му даде дури три гола на Интер.
Во 60. минута Раниери постигна гол за водство на Фиорентина од 1-0, а осум минути подоцна Моизе Кин погоди за 2-0, истиот фудбалер ги постави конечните 3-0 во 89. минута.